Monday, September 25, 2023
18.8 C
Skopje
HomeВЕСТИ„Поскапувањето на храната ќе продолжи“- известуваат од ФАО

„Поскапувањето на храната ќе продолжи“- известуваат од ФАО

-Реклама-

Трендот на раст на цените на храната нема да престане ни во следните месеци, прогнозира светската организација за храна. Најголемо зголемување има кај млечните производи и маслото за јадење. Од ФАО велат дека притисокот на цените ќе биде уште поголем, бидејќи побарувачката е зголемена, но тука е и зависноста на земјите од производите на Украина и Русија.

„Цените на храната, кои веќе се во пораст од втората половина на 2020 година, достигнаа историски максимум во февруари 2022 година поради високата побарувачка, влезните и транспортните трошоци и затворените пристаништа. Глобалните цени на пченицата и јачменот, на пример, се зголемија за 31%, цените на маслото од репка и сончогледовото масло се зголемија за повеќе од 60%. Трендот на раст на цените може да продолжи до следната година“, велат од Светска организација за храна.

Во меѓувреме земјава ги чека нарачаните количини на пченица и пченка од Србија, но и узвоз на масло за јадење и сирово масло кон земјава. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува технички српската влада да ја тргне забраната за извоз кон нашата земја во следните денови за се достават потребните колични за стопанството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Реклама -

ПОПУЛАРНО

„Поскапувањето на храната ќе продолжи“- известуваат од ФАО

Реклама