









Српскиот тренер и стратег на италијанскиот клуб Болоња, Синиша Михајловиќ, изјави на прес конференција дека повторно му е дијагностицирана леукемија. По успешната борба со оваа тешка болест пред околу две години, Михајловиќ повторно ќе мора да терапија.
„Следната недела ќе морам да бидам хоспитализиран. Подготвен сум да се борам против болеста повторно. Оваа болест е навистина упорна и сака повторно да ме совлада “, изјави Михајловиќ.
Тој ќе направи краток одмор за да биде подложен на третмани, а потоа јавноста ќе биде дополнително информирана. Синиша Михајловиќ на крајот од 2020 година објави дека успеал да ја победи леукемијата по една година борба со болеста.