Sunday, May 19, 2024
24.8 C
Skopje

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ВТОРОТО ДЕВОЈЧЕ НА АЛМА – низ солзи ја соопшти веста министер за внатрешни работи на Албанија

-Реклама-

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала со солзи во очите ја соопшти тажната вест за пронаоѓањето на телото на второто дете на Алма Ареза, мајка која стави крај на животот скокајќи во реката Бојана со трите деца.

Реклама

– Пронајдено е телото на уште едно дете. Во овој предел се сомневаат дека се и телото на мајката и третото дете. Потрагата на РЕНЕА и рибари од околината продолжува и денеска. Тежок момент, не можам да најдам зборови – изјави министерот за внатрешни работи на Албанија, пренесува VoxNews.

-Реклама-

Тој ги повика сите девојки и жени во земјата да го осудат насилството.

-Реклама-

-Насилство во семејството, насилство со кое се соочува секоја девојка и жена кога оди на работа, на улица. Често сум кажал, но дојде моментот да го кажам и со солзи во очите, мора да се ослободиме од оваа ситуација. Сите ние мора да реагираме како општество. Дури и кога девојките не можат да реагираат, сите други треба да реагираат. Мора да ја зголемиме нашата моќ за да добиеме информации и навреме да интервенираме – додаде Бала.

Да потсетиме, вчера беше објавено дека мајка и нејзините три деца се удавиле во реката Буна во градот Скадар, а се сомнева дека причина за ова е насилството што 31-годишен маж системски го вршел врз жената и децата.

Во саботата рибар го пронајде телото на деветгодишно девојче.

Продолжува потрагата по мајката и нејзиниот син.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО